Едукативниот центар за зачувување на природата оваа година ќе реализира два проекти.
Проект: „Да ја откриеме природата“
Првиот проект ќе трае до 15 ноември 2020 година, а донатор е Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки“, финансиран од We Effect.
Целта на проектот „Да ја откриеме природата“ е воспоставување на соработка со стручни лица од други организации, чија цел е еколошка едукација и заштита на животната средина за размена на искуства и добри практики за да се постигне успешна еколошка едукација на целните групи, која ќе придонесе за поодговорен однос кон животната средина.
Реализирањето на овој проект се очекува позитивно да влијае врз работата на Центарот преку збогатување на едукативните содржини и методи, зајакнување на капацитетите и соодветна афирмација на Едукативниот центар за зачувување на природата.
Сето ова треба да придонесе кон оставрување на партнерстава со воспитно-образовните институции и организации на локално, регионално и централно ниво, а со тоа и промовирање и унапредување на еколошката едукација и наставата во природа на деца од предучилишната и училишна возраст, што е една од главните причини за формирање на едукативениот центар во Негрево.
Проект „Зелен пакет за заштита на биодиверзитет“
Давател на грантот за проектот „Зелен пакет за заштита на биодиверзитет“ е Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, проект „Вмрежување и застапување за зелена Економија”- NAGE, финансиран од Европската унија.
Општа цел на проектот е зајакнување на капацитетите на Едукативниот центар во спроведување и унапредување на еколошката едукација и наставата во природа за деца од училишна возраст.
Проектот е со времетраење од 5 месеци, во кои е предвидено низа на активности/работилници кои ќе придонесат кон зголемување на јавната свест за заштита на природата, а со воспоставување на мала биолошка лабораторијата, учениците ќе имаат можност од поинаков аспект да ја набљудуваат природата со што ќе се подобри еколошкото образование и ќе се развие интерес за природата.
Со реализација на овој проект ќе се подигне и нивото на неформалното еколошко образование, а тоа ќе придонесе да се прошират знаењата на различни целни групи за теми поврзани со екологијата и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.