Локација
Каде се наоѓа Едукативниот Центар?
Едукативниот центар за зачувување на природата се наоѓа во с.Негрево, на 3 км северно од Пехчево.
Селото се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од самиот град. Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри.
