Работилниците од Мрежата за искуствено учење miu.mk продолжуваат и оваа учебна година. Денес истражувавме со учениците од осмо и деветто одделение од ООУ ,,Гоце Делчев”- Св. Николе и нивните наставнички Елеонора и Катерина.

Работилниците во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево се фокусирани на едукација за квалитет на воздух, каде децата сами преку експерименти во групи работеа и имаа за цел сами да дојдат до заклучокот и како експериментите да ги поврзуват со реалната животна средина.
Кои мерки можеме да ги превземеме ние луѓето за да ги намалиме емисиите на СО2 и другите стакленички гасови со користење на обновливи извори на енергија, користење на јавен превоз, возење на велосипеди и тротинети, да рециклираме, да засадуваме дрвја и да се грижиме за шумите и зелените површини.
Мереа и споредуваа параметри за квалитет на воздух на различни мерни места во урбана и рурална средина, во затворен простор и во природа.

