
Брегалнички регион
Во едукативниот центар може да научите сè за природните екосистеми, течението на река Брегалница со своите 12 притоки, циклусот на водата и третман за пречистување на отпадни води.

Флора
На едно место погледнете ги многубројните растенија и автохтони семиња по кои е препознатлив регионот, научете како се прави хербариум и кои се земјоделските култури кои што се одгледуваат кај нас.

Фауна
Запознајте се со водните и копнените животни, птиците и инсектите кои што ги има на територијата во брегалничкиот регион, дознајте каде живеат и како се прехрануваат во текот на годината.
За нас
Нашата цел е да придонесеме кон зачувување на природата во брегалничкиот регион.
Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси.
Во eдукативниот центар на несекојдневен и оригинален начин на посетителите им се доближува значењето на природата и се промовира биолошката разновидност во брегалничкиот регион.
Воспоставувањето на едукативниот центар е поддржано од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој е координиран од Фармахем.