Посета на ООУ „Вера Јоциќ“ – Скопје

Денешни наши гости беа учениците од 7 одд. од ООУ” Вера Јоциќ” – Скопје, заедно со нивната наставничката по биологија Даниела Петрушевска. Ја раелизиравме работилницата “Домот на муволивката” преку Мрежата за искуствено учење.

Децата имаа можност преку набљудување и истражување да ја посетат ,,Патеката на Петко и шумските жители ” која води до тресетиштето, живеалиштето каде вирее инсектојадното растение. Децата имаа можност да се запознаат со дел од животинските и растителните видови во брегалничкиот регион.

Учениците директно на терен во месноста Јудови ливади, се запознаа со овој посебен тип на живеалиште, тресетишта. Се запознаваат со неговата функција и постоечкиот жив свет што живее во него. Воедно, преку истражување и различни интерактивни активности ја увидоа важноста на оваа живеалиште, потребата за заштита и зачувување и влијанието на климатските промени врз неговиот опстанок, односно какви промени ќе настанат со неговото исчезнување. Исто така, учениците се запознаваат со инсектојадното растение Drosera rotundifolia, познато уште под името кружнолисна муволовка, кое расте само во ваков тип водени живеалишта.
Прекрасно поминат ден во природа и нашиот Едукативен центар, од каде учениците си заминаа со нови знаења и искуства.