Посета на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје

Уште една реализирана работилница преку Мрежата за искуствено учење. На 27.03.2024г. ученици од ОУ “Кирил Пејчиновиќ” – Скопје беа наши гости.

Децата на терен имаа можност за набљудување и истражување да ја посетат природната бара која се наоѓа во самиот град Пехчево и мини барата во дворот на Едукативен центар за зачувување на природата с.Неграво.

Работилницата се состоеше од набљудување, бележење, клекционирање на материјали кои подоцна ги набљудуваа.

Сами правеа селекција на видови единки, лабараториски препарати набљудуваа под лупа, микроскоп и бинокулар.

Споредуваа Ph на барската вода, водата од мини барата и водата за пиење.

Мереа температура на вода од сите мерни станици.

Учениците ја идентификуваа потребата од грижа и заштита на барскиот екосистеми и како климатските промени влијаат на овие живеалишта.

Бележeа, дискутираа и даваа свои заклучоци.

Работеа тимски и во група.

На крај натпреварувачки се забавува и едуцираа, преку играта Меморија научија за дел од флората и фауната во барскиот екосистем.