Одржана работилница во Градски Парк Скопје

Денес во Градскиот парк во Скопје, Едукативниот центар за зачувување на природата с.Негрево –  Општина Пехчево кој е дел од МИУ- Мрежата за искуствено учење која нуди воннаставни активности и можност за наставниците со новите алатки за искуственото учење и образование за животната средина што може да ги воведат во образованието беа дел од голем настан посветен на климатска акција и образование за животна средина.

Настанот беше во организација на UNICEF и Министерство за животна средина и ПП со поддршка на Embassy of Sweden in Skopje.

На првиот ден од пролетта ви пренесуваме дел од атмосферата на искуствената работилницата.

Наши гости беа  ученици од ООУ “Братство Единство” -Охрид, со наставничката Николина Трпоска и ООУ”Климент Охридски”- Охрид со нивните наставнички Нине Симоноска и Галена Малезаноска. Учениците имаа можност да искусат теренска и лабораториска активност, да учат во директен контакт со природата.

Учениците научија за водните живеалишта, поточно за барскиот екосистем, условите за живот во него и околу него за живите оргнизми кои се карактеристични за овој екосистем, мереа температура, сподедуваа Ph – на вода на примероци донесени од природна бара “Езерце” во Пехчево и мини барата  од ЕЦ с.Негрево и обична вода за пиење. Се запознаа со метаморфоза на жаба, пеперутка и вилинско конче, набљудуваа ларви, инсекти, растенија на бинокулар, сами правеа микроскопси препарати.

На крајот во групи преку играта “Меморија”  ги сумиравме научените поими и искуства.