Одбележан 2 Февруари – Светски ден на водните живеалишта

Едукативниот центар за зачувување на природата, Општина Пехчево и ООУ ” Ванчо Китанов” – Пехчево се вклучија во одбележување на 2 ФЕВРУАРИ – Светски ден на водните живеалишта, под мотото „Водните живеалишта и човековата добросостојба“!!!

Заедно со учениците од VI одд. и нивната наставничка по природни науки Валентина Станоевска го посетивме „Барскиот екосистем – Езерце“ кој се наоѓа на источната страна во градот и нуди содржини за одмор, рекреација и релаксација, идеално место за сите генерации. Едукативниот центар кој е дел од проект на „Мрежата за искуствено учење“ преку бројни работилници врши истражување на „Водните екосистеми и жив свет во бари и тресетишта“. Повелете посетете ја страната🔬www.miu.mk🔎 разгледајте ги сите содржини кои ги нуди мрежата.


Децата имаа можност да се запознаат директно на терен со суштинското значење на растителниот и животинскиот свет, но и за добросостојба и здравјето на луѓето, особено на тие што живеат во нивна близина. Доколку се наруши природната рамнотежа во водните живеалишта ќе бидат засегнати човекот, земјоделството, економијата туризмот, риболовот и сл.

Учениците преку набљудување, мерење на Ph и температурата на терен ја воочија важноста на влијанието на климатските промени и како влијаат киселите дождови врз водните живеалишта. Идентификуваа потреба од поголема грижа и заштита на овие екосистеми.