Мрежа за искуствено учење (МИУ)

Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научноедукативни установи профилирани во области на природните науки што осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средното образование во РСМ. Во фокусот на овој потфат од национално значење се популаризација на природните науки, кревање на нивото на свесноста за важноста на заштитата на животната средина и намалување на влијанието на климатските промени врз природата.

Намерата при формирањето ваква мрежа е да им се овозможи на децата да учат природни науки во допир со природата, а нејзини директни корисници се учениците во основното и средното образование во РСМ, но и наставниците по природни науки, биологија, хемија и физика и другите предметни и одделенски наставници.

Основачки членки на МИУ се Едукативниот центар за заштита на природата с.Негрево – Пехчево, Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет – Скопје, Националниот парк Галичица, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид и Народна техника Скопје.

Проектот за воспоставување на Мрежата го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД), во координација со канцеларијата на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија со обезбедена финансиска поддршка од шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА.

Сите наставници и образовни ентузијасти можанат да го променат начинот на кој предаваат природните науки со користење на искуствено учење. Работилниците од  #Мрежатазаискуственоучење се прилагодени на државната наставна програма а може да ги прегледата и пријавите на самиот сајт https://miu.mk/.