На завшниот настан од проектот “The future is circular” што се одржа во просториите на Europe House Skopje беа претставени идеите и решенијата за одреден вид материјали кои може да бидат дел од циркуларната економија од страна на учениците Мартина Постоловска и Иван Јангелов од ОСУ “Ацо Русковски”, Берово.
Учесници на настанот беа учениците од IV1 од ООУ “Ѓорѓија Пулевски” Аеродром, заедно со нивната наставничка Марија Биковска.
Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и Europe House Скопје.