Третата работилница од проектот “The future is circular”, поддржан од Делегацијата на Европска Унија и Europe House Skopje, се одржа во Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево.
На работилницата “Како да го продолжиме животниот циклус на одреден продукт/материјал”, учениците од ОСУ “Ацо Русковски”- Берово и ООУ “Дедо Иљо Малешевски”- Берово разгледа можни решенија за одредени материјали кои наместо да одат на депонија може да им се даде нов изглед преку реупотреба.