Во Едукативниот центар за зачувување на природата на 20 мај се одбележа Светскиот ден на пчелата. На овој ден се потврдуваат заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството, но и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи , загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој.
Настанот беше одбележан со поддршка на амбасадата на Република Словенија и Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со повеќе активности како садење на медоносни растенија, работилница за подготовка на здрава храна за деца, презентација на мед и медни производи од здружението Меден Исток, како и доделување на награди за најдобрите ликовни и литературни творби од Брегалничкиот регион на тема “Пчелата живот значи”.
Погледнете дел од атмосферата.