Одржана работилница „Барски екосистем“

Изминатата сабота, на 12.09.2020 година, во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, Пехчево беше организирана семејна работилница за деца на возраст од 7 до 9 години и нивните родители.

Оваа работилницата е дел од активностите на проектот “Да ја откриеме природата”, поддржан преку Мрежата за рурален развој на СМ, а финансирано од We Effect.

На работилницата преку различни креативни и едукативни содржини беше претставен и опишан барскиот екосистем и живиот свет кој е карактеристичен за ова живеалиште. Се запознаа со животниот циклус , метаморфоза кај жаба, изработуваа полноглавци, сложуваа сложувалки и моделираа жаби од глина.

Главната цел на работилницата беше преку игра, забава и едукација во природа  да се запознаат децата со живиот свет во барата и да се поттикне погрижлив  однос кон животната средина.

За време на работилницата беа почитувани сите препорачани мерки за заштита од КОВИД19.

Ве очекуваме на следната работилница повторно.

Следете нѐ за повеќе информации тука на нашата веб страна и на социјалните мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/EdukativenCentarNegrevo
Instagram: https://www.instagram.com/edukativencentarnegrevo/