Изминатиот викенд во посета на Едукативниот центар во село Негрево беа извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред. Извидниците имаа можност да се запознаат со биолошката разновидност во брегалничкиот регион, a беше реализирана и прошетка по “Патеката на Петко шумските жители – Пехчевска авантура” до локалитетот Јудови Ливади каде вирее инсектојадното растение – Drosera rotundifolia.
Попатно извидниците ги вкусија дивите капини, со кои изобилува овој регион, а некои од нив си набраа за да понесат и дома. Беше организирана и посетата на овоштарник со сливи и едно локално домаќинство каде имаа можност да ги пробаат домашните специјалитети од овој крај.