Се одржа Вело Родео

По повод Европска недела на мобилност  на 22 септември во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево се одржа настанот Вело Родео кој го организираше здружението на Граѓани Еко Логик, во рамките на програмата “Вело Училишта” во соработка со Едукативниот центар.

Дечињата учесници од основното училиште “Ванчо Китанов” во Пехчево имаа можност  да возат велосипед и активно и едукативно да се забавуваат преку едукативните игри како: Еко Не лути се човече, Вело Меморија и Твистер, а некои од нив насликаа и прекрасни ликовни дела.

Настанот се одржа според официјалниот протокол за организирање на јавни настани, запазувајќи ги сите здравствени мерки.