Работилници „Зелен пакет за заштита на биодиверзитет”

Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, Пехчево на 8 и 9 октомври 2020 година (четврток и петок), ќе организира работилници за деца од основно образование, на возраст од 13 до 15 години, со почеток од 13.30 часот. Работилниците се дел од активностите на подграндот „Зелен пакет за заштита на биодиверзитет”, кој е дел од проектот “Вмрежување и застапување за зелена економија (Networking and Advocating for Green Economy – NAGE)“, проект кој го спроведува Мрежата за рурален развој на СМ, а финансиран од Европската Унија.

Целта на овие работилници е да преку интерактивна настава, прашалници, игра и проучување на безрбетната фауна, најмладите осознаат зошто инсектите се значајни во секојдневниот живот и за одржување на рамнотежа во природата.

Со цел да се запазат препорачаните условите и мерките за заштита од КОВИД 19 бројот на учесници е ограничен.

Пријавување на 075/ 462-592, до среда 07.10.