Во четвртокот и петокот на 8 и 9 октомври 2020 г. во Едукативниот центар во село Негрево, се одржаа две работилници за безрбетната фауна на кои учесници беа учениците од 6 до 9 одд. од ООУ “Ванчо Китанов” од Пехчево, заедно со нивните наставници. Овие работилници се дел од активностите на подграндот “Зелен пакет за заштита на биодиверзитет”, кој е дел од проектот “Вмрежување и застапување за зелена економија (Networking and Advocating for Green Economy – NAGE)“, проект кој го спроведува Мрежата за рурален развој на СМ, а финансиран од Европската Унија.
Овие два дена зоологот Ангела Тасеска, кустос во НУ Музеј Д-р Никола Незлобински, Струга, преку збирките од терестична и акватична безрбетна фауна на најмладите им го доближи чудесниот свет на безрбетниците. Исто така секој од учесниците имаше можност да подготви микроскопски препарат од култура од Дојранското Езери и да пронајде некој претставник од акватичната безрбетна фауна преку микроскопирање.
За време на работилницата беа почитувани сите препорачани мерки за заштита од КОВИД19.