На 03.11.2020 година, во Едукативниот центар во с.Негрево се одржа работилница за непосредно пренесени знаења, преку размена на искуства за организирање на семејни работилници. Работилницата е дел од активностите на проектот „Да ја откриеме природата“, поддржан преку Мрежата за рурален развој на СМ, а финансирано од We Effect.
Целта на оваа работилница беше, управното тело на здружението да се запознае со активностите и целите на проектот, како и со важноста на креираните едукативни содржини за семејни работилници во понатамошното работење на Едукативниот центар.