Зелена економија

Во четвртокот на 4 ноември во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, се одржа трибина за населението од општина Пехчево, на тема “Зелена економија”. Целта на оваа трибина беше населението да се запознае со терминот зелена економија и кои се придобивките од неа. Трибината е дел од активностите на подграндот “Зелен пакет за заштита на биодиверзитет”, кој е дел од проектот “Вмрежување и застапување за зелена економија (Networking and Advocating for Green Economy – NAGE)“, проект кој го спроведува Мрежата за рурален развој на СМ, а финансиран од Европската Унија.