Првата работилница од проектот “The future is circular”, поддржан од Делегацијата на Европска Унија и Europe House Skopje, се одржа во Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, со ученици од ОСУ “Ацо Русковски”- Берово и ООУ “Ванчо Китанов”- Пехчево.

Целта на работилницата беше да се направи разлика помеѓу линеарна и циркуларна економија, како можеме да придонесеме во преминот од линеарна во циркуларна економија и како на креативен начин да го продолжиме животниот циклус на стара хартија.
