Конкурс за ученици од основно образование од училиштата во Брегалничкиот регион

Konkurs za uchenici od osnovno obrazovanie od uchilishtata vo Bregalnichkiot region

На 20.05.2022 во Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, Пехчево, ќе се одржи настан за одбележување на Светскиот ден на пчелите, организиран од страна на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија.

По тој повод, Едукативниот центар распишува конкурс за ликовна и литературна творба (поезија) на тема „Пчелата живот значи“.

На конкурсот може да учествуваат ученици од 5 до 9 одделение од основните училишта во Брегалничкиот регион.

Најдобрите ликовни и литературни творби одбрани од Комисијата за избор ќе бидат наградени и учесниците ќе имаат можност да ги презентираат на Светскиот ден на пчелите во рамки на прославата во Едукативниот центар во Негрево, заедно со нивните наставници-ментори.

Сите пристигнати творби ќе бидат изложени за време на настанот.

Литературните творби треба да се достават по електронска пошта на адреса: info@ecnegrevo.mk , а ликовните творби преку пошта на следната адреса: Едукативен центар за зачувување на природата, с.Негрево, 2326 Пехчево

Рокот за испраќање на ликовните и литературните творби е вторник, 10.05.2022.

За дополнителни информации може да нè контактирате на 075/462-592, или на info@ecnegrevo.mk.