Дневниот центар за лица со посебни потреби од Виница во посета на Едукативниот центар за зачувување на природата

Оваа година во рамките на програмата на Европските денови на културното наследство 2021 година, музејот Теракота од Виница во соработка со Дневниот центар за лица со посебни потреби од Виница организираше посета на Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево. При посетата секој посетител беше запознаен со сите активности и содржини кои се изучуваат во Едукативниот центар за зачувување на природата и беше во можност да се релаксира и да ужива во природата.


Сите посетители беа благодарни за гостољубивоста и љубезноста како и за одличната презентација преку која научија како да се грижат за природата и како истата да ја чуваат.