Одржана oбука за претприемништво за одржлив развој за поддршка на вработливоста и социо-образовниот развој за млади жени кои живеат во рурални области

Вчера во Едукативниот центар во село Негрево се одржа oбука за претприемништво за одржлив развој за поддршка на вработливоста и социо-образовниот развој за млади жени кои живеат во рурални области. Обуката е дел од проектот YOU WEEN, кој промовира едукација за претприемништво и активности меѓу „зелените“ млади жени, преку обука за зелено размислување, подигање на свеста за одржливост и родова рамноправност, промовирање на „зелен“ развој во рурални/изолирани средини или „зелени“ урбани средини, размена на добри практики и обезбедување експертиза и знаење за унапредување на младите жени.

Проектот е со Европска димензија и во проектот учествуваат партнери од Велика Британија, Полска, Литванија, Шпанија, Италија, Грција и Северна Македонија.

Обуката беше спроведена преку методологијата на тренерски кругови т.н. коучинг кругови (Coaching Circles), чија цел е презентирање на примери и практики во областа на зеленото претприемништво, и поттикнување на емоционални разговори помеѓу учесниците и интерактивни рефлексии врз основа на презентираните.