Интернационалниот ден на велосипедизмот (03 јуни) беше одбележан во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево. Во соработка со Eco Logic на настанот беа објавени наградените творби во рамките на “ Повик за креирање на вело стрип“ и беше доделена главната награда велосипед.
Присутни на настанот беа учениците и нивните ментори кои беа дел од средношколски натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“, фокусирајќи се на реката Брегалница.
Учесниците имаа можност да се запознаат со природното богатство во брегалнички регион чие богатство се состои од уникатни видови птици, инсекти, растенија и живеалишта кои се специфични за овој регион и чиј опстанок зависи од реката Брегалница.
Исто така, беше овозможена прошетка по патеката на Петко и шумските жители, која почнува од Едукативниот центар за зачувување на природата, а завршува на локалитетот Јудови Ливади.