Пробајте го ова!

Засади овошје во саксија

Додека уживаме дома со најблиските може да посадиме и овошје кое дозволува садење во саксија.

Следете нѐ за повеќе детали како да посадите лимон, малина и јаготки во саксија.

Погледнете ги советите во продолжение.

Лимон

Сакате да засадите лимон во домот? Прочитајте ги инструкциите како да го направите тоа:

Лимонот е мало дрво со висина од околу 3 до 6 метри, со виолетови цветови и е од фамилијата цитруси. Лимонот е совршено овошје за одгледување во саксија.

При засадување на лимон од семка, треба да ги одберете најголемите семки од плодот. Потрудете се да ја отстраните надворешната тенка лушпа од семката. Семките се ставаат во почва со остриот дел надолу. Ако се појават повеќе нови билки, можете внимателно да ги пресадите во нов сад за да не им биде тесно.
Доколку одлучите да го засадите од семка ќе му треба неколку години за да порасне и да почне да дава плодови. Затоа може да си земете и веќе израснато дрвце од расадник.

Во пролет и лето потребно е обилно наводнување, во зима умерено, но сепак не треба да се дозволи пресушување на почвата поради тоа што може да дојде до опаѓање на листовите и плодовите. Во зима цитрусните растенија мируваат, а најдобро е да ги сместите во просторија на температура од околу 10 степени.

лимон 1
лимон 2

Јагоди

Јагодите се супер храна за очите и за правилна функција на мозокот. Содржат големо количество на витамин Ц, антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Јагодите се почесто почнаа да се засадуваат во саксии. Доколку сакате и вие да имате јагоди на вашата тераса вистински момент е да ги засадите. Потребни ви се садници од јагоди, најчесто во саксија се засадуваат висечки јагоди или ја користат и сортата месечарки и се разбира саксија со почва каде ќе бидат засадени јагодите.

јагоди

Малина

Малината може без проблем да се сади во саксија, дава преубави плодови и би била неверојатен украс за вашата тераса. Богата е со бројни хранливи материи, витамини и минерали кои се есенцијални за одржување на доброто здравје. Малините се садат во пролет или есен. Доколку одлучите да ја засадите во саксија нека биде поголеме, за да се избегне нејзини пресадување. Најмногу им одговара сончева позиција и најважно е почвата да биде растресита и богата со хумус. Многу се отпорни на мразеви и ниски температури.

малина 1
малина 2
малина 3