Пробајте го ова!
Научи повеќе за растението шипка
Шипката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Младите гранки се покриени со боцки, како и кај другите рози. Цветот е бел или розев, кој дава мали црвени овални плодови по кои шипката е најмногу позната.
Плодот од шипка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со витамин Ц и сите продукти од шипка се меѓу најдобрите извори за овој витамин.
