Научи повеќе за растението Бозел
Бозелот (Sambucus nigra) е мало дрво, високо до пeт метри со млечно бели цветови кои што имаат пријатен мирис и се здружени во соцветија. Цвета од мај до јули, затоа токму сега е вистински момент да го набереме.
Бозелот е силен имоностимулатор, изобилува со витамин Ц, флавоиди и растителни белковини кои се ефикасни во спречувањето на настинката и грипот. Чајот од бозел го препорачуваат и за лекување на заболувања на дишните органи, а предизвикува и зголемено потење што доведува до ослободување на токсини и се намалува зголемената телесна температура. Овие ефекти се особено важни при лекување на грип, настинка и воспаление на дишните органи.
Исушените цветови имаат голема склоност да апсорбираат влага, затоа се чуваат во тегла на темно и суво место. Дали вие веќе си набравте бозел? Ако да, испратете ни фотографии во коментари

Сок од бозел
Дали би сакале во домашни услови да подготвите сок од бозел? 🙂 Рецептот е едноставен, а вкусот прекрасен.
Следете го упатството:
Ставете 40 измиени цветови бозел во 4л.вода да отстојат 24ч.
Потоа додадете 3кг.шеќер и 5 кесички лимонтус или 6 сечени лимони.
За крај сокот исцедете го и префрлете го во шишиња.
На здравје!
Голема благодарност до Евгенија Мун за споделениот рецепт