Пробајте го ова!

Како до еколошки чист зеленчук?

Додека пoминувате повеќе време дома, засадете еколошки здрав и чист зеленчук за вас и вашето семејство. Ние имаме идеја како вашата градина или тераса да ја направите мини зеленчукова градина.

Дали знаете дека покрај зачинските растенија во саксија слободно може да засадите домати, тиквички, чили, кромид, лук, спанаќ или зелена салата?

Домат

Мини зеленчуковата градина денес ја збогатуваме со нови информации како да засадите домат.

Доматите се едни од најомилените зеленчуци. Лесно се одгледува дури и да имате ограничен простор.

1. Важно е доматите да ги засадите во поголем сад со длабочина од најмалку 25 сантиметри. Најчесто одгледувани сорти во саксија се шери, воловско срце, јабучар.

2. Најдобро е доматите да ги засадите со садници. Доколку е засадено семе, потребна му е голема влажност и топлина во првите 10 дена.

3. Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат во друг сад.

4. Доматите треба да се наводнуваат со млака вода.

5. Оптимални дневни температури се 20 до 25 0C.

2 домат

Марула и спанаќ

Време е да научиме како мини домашната зеленчукова градина да ја збогатиме со нови производи како марула и спанаќ.

Марулата и спанаќот растат брзо и имаат плиток корен. Овие растенија не бараат совршени услови за растење, сè додека имаат доволно вода.

Се засадуваат со засејување на семе.

3 марула спанаќ

Чили пиперки

Доколку сакате луто, вашата мини зеленчукова градина на терасата може да ја збогатите со одгледување на чили пиперчиња.

Без разлика дали се надвор или внатре, тие обилно раѓаат. Истовремено, тие растат подобро во саксија за разлика од слатките пиперки. Може да се засадат со садници, а доколку се со семе, сега е погоден момент да го засеете. Важно е откако ќе изникне и формира цврсто стебло да се расадат.

чили пиперки