Креативноста на дело

Работилница за барски екосистем

Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево на 27.08.2020 година (четврток), ќе организира работилница за деца од предшколска возраст од 4 до 6 години и нивните родители, со почеток од 10 часот. Работилницата е дел од активностите на проектот „Да ја откриеме природата“, поддржан преку Мрежата за рурален развој на СМ, а финансирано од We Effect.

Целта на оваа работилница е преку креативни едукативни содржини да се зголеми детскиот интерес за користење на различни форми и извори на информации користејќи ја природата како непосреден извор на знаење, а истовремено да се развие и грижлив однос кон животните и природата. Темата на работилницата ќе биде поврзана со барскиот екосистем.

Со цел да се запазат препорачаните услови и мерките за заштита од КОВИД 19 бројот на учесници е ограничен. За пријавување јавете се на телефонскиот број: 075/462-592. Краен рок за пријавување, вторник 25 август.

Детали

Организатор : Едукативен центар Негрево

Почнува на : 2020-08-27

Завршува на : 2020-08-27

Време : 10.00 am

Цена : Бесплатно

Локација

Локација : Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево

Адреса : c.Негрево

E-mail : info@ecnegrevo.mk

Тел. : 075 462 592