Креативноста на дело

Работилница за барски екосистем

Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, Пехчево на 12.09.2020 година (сабота), ќе организира семејна работилница за деца на возраст од 7 до 9 години и нивните родители, со почеток од 10 часот. Работилницата е дел од активностите на проектот “Да ја откриеме природата”, поддржан преку Мрежата за рурален развој на СМ, а финансирано од We Effect.

Целта на оваа работилница е да преку креативни едукативни содржини се зголеми детскиот интерес за користење на различни форми и извори на информации користејќи ја природата како непосреден извор на знаење, а истовремено да се развие и грижлив однос кон животните и природата. Темата на работилницата ќе биде поврзана со барски екосистем.

Со цел да се запазат препорачаните услови и мерките за заштита од КОВИД 19 бројот на учесници е ограничен.

Пријавување на 075/ 462-592, до петок 11.09.2020 година.

Детали

Организатор : Едукативен центар Негрево

Почнува на : 2020-09-12

Завршува на : 2020-09-12

Време : 10.00 am

Цена : Бесплатно

Локација

Локација : Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево

Адреса : c.Негрево

E-mail : info@ecnegrevo.mk

Тел. : 075 462 592