
Наука за деца
Во сабота на 07.08.2021 година, Наука за деца (НЗД) во соработка со Едукативниот центар во с.Негрево ќе организира работилници за деца од 7 до 14 години во времетраење од еден час. Секој учесник добива НЗД пакетче со четири активности кои објаснуваат концепти од областа на математиката и природните науки. На работилницата учесниците ќе дознаат што е хексафлексагон, ќе изградат мост од стапчиња за сладолет, ќе откријат дали ладната вода е потешка од топлата, а ќе научат и како се одредува киселоста на различни супстанци. Во пакетчето е вклучена и боенка со археолошки авантури, подарок од Институтот Макс Планк.
Учесниците на работилницата ќе бидат поделени во две групи: прва групa деца од 7 до 9 години, со почеток од 11 часот и втора група деца од 10 до 14 години со почеток од 12:30 часот.
Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте и закажете присуство на 075/462-592.
Детали
Организатор : Едукативен центар и Фондација КАНТАРОТ
Почнува на : 2021-08-07
Завршува на : 2021-08-07
Време : 11.00 am
Цена : Бесплатно
Локација
Локација : Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево
Адреса : c.Негрево
E-mail : info@ecnegrevo.mk
Тел. : 075 462 592