Пробајте го ова!

Научи повеќе за растението маточина

Чајот од маточина има исклучително пријатен мирис на лимон. Листот од маточина или пчелинок, како што уште ја нарекуваат, има седативно, противвоспалително и антивирусно дејство. Се препорачува за подобар сон, за подобрување при варењето на храната, смирување на симптомите на мачнина и повраќање, стресни состојби, при главоболки, при настинки и при состојби на нервна напнатост.