Пробајте го ова!

Научи повеќе за печурките

Вргањ

При следната прошетка во планина богата со дабова или букова шума погледнете околу и побарајте ја печурката вргањ.

Вргањ претставува вид јадлива печурка со топчест, кафеав шешир, кој го носи на периферијата на стеблото. Може да расте во висина до 20 сантиметри и се наоѓа во дабова и букова шума. Има посебен сладок вкус, извонреден квалитет и хранливост. Може да се најде во период од месец јуни до месец ноември.

Вргањот во себе носи природни антиоксиданти, како што се: витамин Ц, флавоноиди и фенолни состојки, и претставува одличен извор на минерали како што се: селен, манган, цинк, бакар, јод и молибден. Вргањ печурките исто така содржат големи количини концентрации на витамини од групата на Б-комплекс.

Меѓутоа внимавајте при собирањето на печурки. Доколку немате претходно искуство не ги собирајте за јадење бидејќи речиси секој вид печурки има нешто слично со печурките кои што се отровни и лесно може да се збунат дури и поискусните собирачи.

Лисичарка

Доколку сте љубители на печурките и знаете многу рецепти како добро да ги подготвите, при следната прошетка внимателно бирајте. Лисичарката е многу вкусна печурка со одличен квалитет. Месото е цврсто, белузлаво до жолтеникаво со пријатен мирис (како праска), а вкусот е благ до благо лут. Плодното тело се јавува на површината на земјата и расте најчесто во групи. Лисичарката е богата со витамин B1 и B2. Од минерали содржи калциум, калиум, железо и цинк.

Лисичарката содржи трипати повеќе бета-каротен од морковите и е отпорна на сите паразити и микроби. Таа е една од поретките видови која не скапува. Во неа никогаш не може да се најдат црви, бактерии и вируси. Расте поединечно или групно во листопадни шуми, преку лето и наесен од јуни до ноември.

Доколку не сте познавач на печурки не е препорачливо да ги собирате, заради отровните видови со кои некои од лисичарките се слични.