Научи повеќе за ајдучката трева
Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните. Таа во старите книги за лековити растенија е запишана како „лек против сите болести”. Има ситни цветови кои се бели и собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин.
Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.
Адучката трева се користи и како јако антибактериско средство против стафилококите, ешерихија коли, кандида и други микроорганизми. Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката.
Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Етерското масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови во цревата и против болки и грчеви во стомакот.

Научи како да подготвиш швепс од ајдучка трева
Дали би сакале да научите како сами да си подготвите домашен швепс од ајдучка трева?
Прочитајте го рецептот подолу и споделете го со нас вашиот предлог за домашен сок:
Во 5 литри вода се ставаат 15 цветa од ајдучка древа, 1 лимонтус, 2 лимони сечени на парчиња и 400 грама шеќер да отстојат 24 часа.
Наредниот ден најпрво ќе ги истискате цветовите и лимонот, а потоа ќе ја прецедите течноста.
Целата содржина ќе ја распоредите во стаклени шишиња да отстои 2 до 3 дена. Многу е важно капачето од шишето да биде само ставено одозгора колку да е заштитено од надворешни влијанија, но да не се стега за да може течноста да ферментира.
Сокот од ајдучка трева се послужува ладен. 🙂
На здравје!