Пробајте го ова!

Направи Дома: Природен Пестицид

Детални Инструкции
pesticid1
pesticid2
pesticid3

Следете го ова упатство детално:

1kg коприва се потопува во 10 l вода.

Се остава да отстои 10 до 15 дена во сенка.

Секојдневно мешајте, се додека не престане создавањето на меурчиња на површината од смесата потоа прецедете и користете го течниот дел.

При употреба се разредува растворот со 7 делови од вода и 1 дел раствор од коприва.

Разредениот раствор се става во шише со распрскувач и на секои три недели се распрскува по растенијата, каде што штетниците предизвикуваат штети.

Исто така раствор од коприва може да се користи и како течно азотно ѓубриво, при што има позитивен ефект врз растот на растението, создавањето на хлорофил и ја зголемува отпорноста на растението кон надворешните неповолни фактори.

** Копривата содржи азотни соединенија, со подготовката на природниот пестицид истовремено и се прехрануваат растенијата со елементите кои ги содржи копривата.

Доколку се користи само за прехрана на растението се подготвува чај од коприва за да не биде многу концентриран растворот и се залева растението.