Направи Дома: Компостирање

Што е компостирање?
Зошто треба да се компостира?
За да помогнете во намалувањето на емисијата на овие гасови, време е да размислиме како сами да го компостираме овој отпад.
Што можеме, а што не можеме да компостираме?
- биолошки отпадоци од домаќинството (остатоци од овошје и зеленчук, лушпа од јајце, талог од кафе, вреќички од чај, остатоци од леб)
- градинарски и зелен отпад ( лисја, овенати цвеќиња, искосена трева)
- останат биоотпад (кора од дрвја, хартија и картон)
Што не може да се компостира?
- течни остатоци од варена храна;
- месо, риба, коски, кожа;
- млечни производи, масла и масти;
- болни растенија;
- пепел, амбалажа, гума;
- обоен и лакиран дрвен отпад;
- обоена хартија;
- облека,цигари и сл.

Како да компостираме?
Во кантата за компостирање биолошкиот отпад кој го ставате треба да биде исецкан на ситни парчиња за да може да се распадне побрзо. Се препорачува при компостирање во домашни услови да се избегнува ставање на цитрусовото овошје бидејќи го забавува разградувањето на отпадот.
Компостот природно создава топлина и тоа е знак дека компостирањето е ефикасно. Но, ако материјалот во вашата корпа е ладен на допир, веројатно му треба малку повеќе влага. Наједноставно тоа може да се реши со додавање на вода, користеjќи шише со распрскувач за да го навлажните отпадот. Во спротивен случај доколку содржината е многу влажна додајте иситнети парчиња хартија. Повремено содржината треба и да се промешува. Идеална температура за чување на компостот е помеѓу 20 до 30 °C.
Постапка
- На дното од садот се поставува слој од суви гранчиња, заради истекување на вишок течност, доколку ја има;
- Потоа се реди слој од издробен картон, врз кој се поставуваат суви листови;
- Врз сето ова се додава тенок слој почва, бидејќи таа е богата со микроорганизми кои ќе го отпочнат процесот на компостирање и
- Последниот слој се состои од органскиот отпад, талог од кафе и чај кој го создаваме во нашите домови.
- Првите 5-10 дена не се меша содржината, со цел микроорганизмите да го активираат процесот на разградување, а после тоа мешате на секои 2-4 дена. Доколку осетите дека има затоплување на садот со компост, во тој случај процесот на разградување отпочнал;
- После 3 до 6 месеци компостот е зрел и треба пред негова употреба тој да се просее, а поголемите делови кои останале после просејувањето да се вратат во процесот на компостирање.