
Украсување стара стаклена амбалажа
Природата е најдобар уметник кој знае како да создаде уникатна уметност, но дали знаеме како да ја искористиме за ние да создадеме уметничко дело, а истовремено да не и наштетиме. Во Едукативниот центар се организираат работилници на кои се потикнува детската фантазија со цел создавање на уметнички дела од природни материјали, а истовремено се развива и посебена одговорност кон природата.
Украсување на стара стаклена амбалажа со декупаж техника, работилница на која учесниците учат на кој начин од веќе искористени стаклени шишиња и тегли да направат украс. На тој начин стаклото наместо да оди во отпад и да биде загадувач на животната средина добива нов изглед и намена.
Детали
Организатор : Едукативен центар Негрево
Почнува на : 2019-10-25
Завршува на : 2019-10-25
Време : 9.00 am
Цена : Бесплатно
Локација
Локација : Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево
Адреса : c.Негрево
E-mail : info@ecnegrevo.mk
Тел. : 075 462 592